Skybox Announcement Logo_sm

Со известување преку нивните веб страни, двете компании денеска објавија дека е склучен договор за вклучување на Skybox Imaging компанијата во Google. Зделката можеби не е меѓу поголемите за кои што не толку ретко читаме во светот на технологијата, но сепак се работи за голема сума на пари, односно 500 милиони долари.

Skybox Imaging е компанија која што го произведува најмалиот сателит со можност за снимање на слики и видео во висока резолуција, барем според компанијата. Купувањето на оваа компанија од страна на Google ќе овозможи подобрувања во познатите сервиси како Google Maps и Google Earth. Меѓутоа како што известуваат од компанијата, технологијата која што ја развива Skybox ќе може да се користи и за овозможување на интернет пристап до места каде што е потешко да се овозможи пристап, односно каде што моментално нема или има многу мала покриеност со мрежа. Се разбира кога се разговара за вакви места се мисли на неразвиените земји и некои од земјите во развој.

Купувањето на вакви компании се гледа како на еден вид на трка помеѓу големите компании како Google и Facebook, за проширување на нивните сервиси со помалку достапните места. Google веќе купи компанија која што треба да овозможи пристап до интернет до помалку достапните места, компанија за која што од Facebook покажуваа интерес за нејзино купување.

Во продолжение можете да погледнете видео на кое што е претставена способноста на сателитот од Skybox, односно неговата можност за прикажување на снимки во висока резолуција.

Извор: Engadget, Skybox Imaging, Google

Претходна статијаFirefox 30 достапен за корисниците
Следна статијаMicrosoft Research развива решение со кое батериите ќе траат до седум дена
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.