Dragon модулот ја посетува Меѓународната вселенска станица
Dragon модулот ја посетува Меѓународната вселенска станица
SpaceX Dragon модулот ја посетува Меѓународната вселенска станица

Кој го следи Смартпортал знае за SpaceX, компанијата на Елон Маск која се занимава со дизајн и конструкција на летала и ракети за во орбита на Земјата и во вселената. SpaceX соработува со многу компании во остварување на својата мисија, како што се Боинг и НАСА. Исто така, пред некое време изјавија дека имаат план да направат глобално покривање со Интернет лансирајќи микро сателити.

За да им помогнат во оваа мисија (и за да ја зацврнат светската Интернет доминација, секако) компаниите Google и Fidelity само што купија 10% од акциите на SpaceX во вредност од 1 милијарда долари. Според известувањето на SpaceX:

„Space Exploration Technologies (SpaceX) постигна милијарда долари во рунда на финансирање со два нови инвеститори, Google и Fidelity. … Google и Fidelity колективно ќе поседуваат малку под 10% од компанијата.

SpaceX ги дизајнира, произведува и лансира најнапредните светски ракети и вселенски летала. Овие средства ќе бидат искористени за да се поддржи продолжената иновација во домените на вселенски транспорт, повторна употребливост (на леталата; заб.) и производство на сателити“.

Од друга страна, на Google целта изгледа дека им е поддршка на сателитите на SpaceX за да се даде пристап до Интернет до милионите кои го немаат низ светот. За што точно се работи во целата оваа вест за инвестиција останува да видиме. Секако дека Google и Fidelity не инвестираат туку-така, и веројатно го гледаат огромниот потенцијал кој го има SpaceX. Компанијата на Елон Маск успеа да демонстрира спремност да работи и да постигнува резултати, па дури и ако Google и Fidelity не планираат да се мешаат во нејзината работа, секако добро ќе им дојде повратот на средства од инвестицијата.

Извор: VentureBeat, TechCrunch, CNN

Претходна статијаKepler 186f – првата потврдена егзопланета налик Земјата, која орбитира во населивата зона на својата ѕвезда
Следна статијаНовата Lumia Camera апликација е веројатно најдобрата од својот тип досега