Фото: Roberto Baldwin / Engadget
Фото: Roberto Baldwin / Engadget

Франкфуртскиот авто-саем им понуди на посетителите прилика да ги видат најновите дизајни за автомобили и она што ќе можат да го очекуваат на улиците во наредните неколку години. Еден од оние кои привлече најголемо внимание секако е дизајнот на новото BMW купе.

Се работи за ултра-футуристички дизајн кој „крие“ машина која може да развие максимална брзина од 200 км/ч, при забрзување од 0 до 100км/ч за само 4 секунди. Дизајнот е некаде помеѓу познатиот i3 и помалку познатиот супер-автомобил i8. iVision е всушност еден од 25-те најавени електрифицирани модели на BMW со кои компанијата цели кон приближување на конкуренцијата и следење на трендот за преориентирање на своето производство кон електрични и хибрид возила.

iVision поседува капацитет да покрие дистанца од 600 километри со што директно ѝ се „заканува“ на Tesla и нивниот Model S. Моделот се очекува да се најде на производната лента, меѓутоа со изменет изглед од она што е претставено на франкфуртскиот саем. Што се однесува до перформансите, BMW не отстапува од истите познавајќи ги своите купувачи, па така при конструирањето се води сметка возилата да не загубат многу од својата препознатлива агилност.

Извори: Engadget, TechCrunch

Претходна статијаСмартфоните главни носители на интернет сообраќајот
Следна статијаHonda го враќа стилот од 70-тите со нов електричен автомобил