Фото: Roberto Baldwin / Engadget

Honda го претстави дизајнот на својот идеален урбан модел инспириран од легендарниот Civic. Имено, се работи за првиот модел на Civic произведен во далечните 70-ти години.

„Единствената“ разлика е што актуелниот модел ќе биде комплетно електричен. За разлика од традиционално габаритните американски возила (или возила наменети за пазарот во САД) старо-новиот Civic е мал, меѓутоа практичен автомобил. Згора на се дизајнот е неповторлив, сличен на оној со кој Golf 1 ја освои Европа.

На авто-саемот во Франкфурт, челниците од Honda го најавија пристигнувањето на Urban EV concept-от веќе во 2019-та година. Автомобилот ќе биде само дел од големиот проект на компанијата именуван Power Manager Concept кој има за цел поефикасно користење на електричната енергија. Проектот ќе биде тестиран во Франција во 2020-та година.

Што се однесува до перформансите на новиот Urban EV concept не постојат никакви информации, но во секој случај, Honda ќе фати приклучок со конкуренцијата во својата индустрија која со крупни чекори гази кон електрифицирање.

Извори: Engadget, TechCrunch

Претходна статијаBMW iVision директно се заканува на Tesla Model S
Следна статијаSamsung Galaxy Note 8 претставен во Македонија