Apple го доби судскиот процес во кој беа обвинети дека им исплатиле многу повеќе на директорот Тим Кук, како и на уште неколку други директори во 2021 и 2022 година.
Според тужбата, од компанијата погрешно ја пресметале вредноста на наградите во форма на акции кои се добиваат врз основа на сработеното во годината, но судијата Џенифер Рошон не се сложи со тој заклучок. Според неа, од компанијата имаа доставено точни пресметки како што се бара од законот и американската комисија за хартии до вредност.
Тужбата е поднесена од страна на пензиски фонд во САД дел од организацијата „International Brotherhood of Teamsters“.
Сумите за кои се работи се навистина огромни и истите вклучуваат 92,7 милиони долари за Тим Кук, како и 94 милиони за другите неколку директори. Тие покрај платата добиваат и акции како награда за придонесот во работата на компанијата.