Mozilla, организацијата која стои зад развојот на Firefox прелистувачот, го преименува досега достапниот сервис Firefox Monitor во Mozilla Monitor, а со тоа претстави и посебна месечна претплата која на корисниците им овозможува дополнителни можности.

Mozilla Monitor Plus, за разлика од бесплатната верзија, на корисниците им овозможува проверка за нивните лични податоци на страните кои работат со нивна продажба, односно таканаречените „брокери на податоци“.

Ова сервисот го прави за 8,99 долари месечно, а доколку податоците на корисникот бидат откриени на некои од листата на повеќе од 190 страни, истите ќе бидат отстранети.

Од организацијата истакнуваат дека не сите барања за отстранување ќе бидат успешни, па тие ќе им овозможат на корисниците и самите да се обидат да го направат истото.

Сервисот овозможува и константно следење на податоците, па и кога ќе бидат тргнати, тие ќе проверуваат дали повторно се вратени на страните.

Бесплатната верзија од Mozilla Monitor продолжува да им овозможува на корисниците проверка дали нивните онлајн сметки биле дел од некои пробиени сервиси. Дел од оваа проверка вклучува имејл адреси, лозинки, адреси, телефонски броеви и слично.

Mozilla Monitor Plus за почеток е достапен само во САД, а засега нема информации кога може да се очекува во остатокот од светот.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Mozilla
Претходна статијаОстануваат уште само неколку денови за гласање за најдобрите е-продавници за 2023
Следна статијаApple се одбрани од тужба дека има исплатено повеќе од што треба за директорот Тим Кук и други
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.