Конкурентот од Google на ChatGPT и Copilot веќе нема да биде Bard, па овој „четбот“ сега ќе го носи името од јазичниот модел на којшто работи, Gemini. Од Google веќе ги променија името и ознаките, па сега секаде каде што се користеше Bard, стои името Gemini.

Што се однесува до начинот на функционирање, се останува исто, односно во оваа фаза се работи само за промена на името. Со тек на време се разбира дека јазичниот модел и генеративната вештачка интелигенција од Google ќе добива промени и унапредувања.

Заедно со ребрендирањето Google најави и посебна апликација за Gemini за Android, додека до „четботот“ на iOS ќе може да се пристапи преку нова лента во Google апликацијата за овој систем. Секако, тука е можноста да се пристапи до Gemini и преку веб.

За разлика од iOS, каде во основа пристапот до Gemini ќе биде ист како и преку веб, на Android апликацијата овозможува многу поголема интеграција со системот. Во основа, Gemini апликацијата ќе се користи наместо вклучувањето на интеграцијата со Google Assistant, односно истата ќе го замени овој асистент.

Покрај апликацијата, Google ја најави и достапноста на нивниот многу поспособен јазичен модел, односно верзија од Gemini моделот, наречен Ultra 1.0. Со овој модел корисниците добиваат многу поголема способност на моделот за решавање на комплексни задачи, логично резонирање, следење на инструкции, соработка на креативни проекти и слично.

Ultra 1.0 моделот ќе биде достапен преку Gemini Advanced, како дел од Google One AI Premium пакетот кој ќе ги чини корисниците 19,99 долари месечно. Овој пакет, како и апликацијата за Android ќе бидат достапни на почеток за корисниците во САД, но наскоро може да се очекува проширување на достапноста.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаApple се одбрани од тужба дека има исплатено повеќе од што треба за директорот Тим Кук и други
Следна статијаMicrosoft го потврди името на наредната надградба на Windows за оваа година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.