По неофицијалните најави од TechCrunch, како што очекувавме, Apple излезе со потврда дека ја купува британската компанија Shazam.

Повеќе детали околу договорот не се дадени во оваа фаза, па останува само кратката изјава од компанијата:

„Ние сме воодушевени што Shazam и нивниот талентиран тим ќе се приклучи на Apple. Од претставувањето на апликацијата во App Store, Shazam постојано се рангира како една од најпопуларните апликации за iOS. Денес, таа се користи од стотици милиони луѓе ширум светот, на повеќе платформи. Apple Music и Shazam природно се вклопуваат, споделувајќи ја страста за откривање на музика и овозможување на одлично музичко искуство за нашите корисници. Имаме возбудливи планови и со нетрпение го очекуваме комбинирањето со Shazam кога договорот ќе биде одобрен“.

Оваа изјава покажува дека купувањето на компанијата сепак е поврзана со музика, односно со музичкиот сервис од Apple, а не како што некои информации говореа дека се работи за технологијата за препознавање на визуелна содржина. Сепак и ова не е исклучено, но музичката соработка ќе остане како главна сега за сега.

Нема информации за тоа дали апликациите за Android ќе продолжат да бидат развивани, односно дали корисниците ќе треба да почнат да си бараат друго решение.

Извор: TechCrunch, Cnet, 9to5Mac

Претходна статијаСкопје го доби Creative Hub – бизнис центар на креативноста и неформалното образование
Следна статијаGudak Cam е апликација за фотографирање, која треба да ја почекате три дена за да ги развие фотографиите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.