Фото: Shutterstock.com

Apple се договори со подносителите на групна тужба против компанијата и за тоа ќе плати 95 милиони долари во кеш. Оваа исплата се однесува на корисниците во САД и тие ќе имаат право да побараат дел од оваа исплата за до пет Apple уреди. 

Групната тужба се однесува на нешто што сите ние се имаме запрашано дали се случува или не, односно дали нашите телефони не слушаат и кога не знаеме. Сомневањата за тоа најчесто доаѓаат кога ќе видиме одредени реклами за нешто за кое имаме разговарано истиот ден. 

Siri наводно се има вклучувано по грешка и кога не треба, па разговорите на корисниците биле слушани од трети страни, односно рекламни компании. 

Како што е познато, корисниците можат да изберат Siri да се активира со кажување на зборови како „Hey, Siri“. Наводно, Siri се има вклучувано и кога не се кажани овие зборови.

Корисниците сега имаат можност и да го исклучат снимањето на разговорите со Siri кои се испраќаат до Apple, па покрај исклучувањето на оваа можност, ова би требало да овозможи приватна интеракција. 

Apple очекувано негира дека имаат направено нешто погрешно, па можеби тоа може да се види и од сумата која се имаат сложено да ја исплатат, која иако делува како висока, компанијата ја заработува само помалку од еден ден. 

Слична тужба имаат и Google за нивниот асистент на Android, а ќе видиме што ќе се случи и со истата. 

Тужбата за Siri се однесува од пуштањето на оваа функција, па се до крајот на минатата година. Ова е нешто што од Apple не смеат да си го дозволат како компанија која констатно тврди дека е подобра од другите кога е во прашање приватноста на своите корисници.

ИЗВОРThe Hacker News
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаSnapdragon 8 Elite забележан во неофицијален Geekbench тест на интернационалната верзија од Galaxy S25
Следна статијаПоранешен дизајнер од Microsoft прикажа како требало да изгледаат динамичните позадини во Windows 11
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.