Една од поважните работи за корисниците кои планираат да купат телефон од Galaxy S серијата на Samsung е кој чип ќе се користи за моделите надвор од САД и Јужна Кореа. 

Samsung повеќе пати досега за корисниците во Европа, како и во нашата земја, го користи нивниот Exynos чип, наместо Snapdragon, па кратко кажано, корисниците не се задоволни кога оваа комбинација се прави. 

За наредната Galaxy S25 серија се верува дека сепак ќе дојде со Snapdragon 8 Elite чипот, без разлика од земјата и без разлика на моделот. Постои шанса Samsung да ја направи комбинацијата од минатата година, па само Ultra моделот да работи на Snapdragon во целиот свет, додека другите два модели доаѓаат со Exynos. 

Резултат од Geekbench дава нешто поголема надеж за можноста сите модели во целиот свет да дојдат со Snapdragon 8 Elite. Дали ова навистина ќе биде така ќе дознаеме за неколку недели, а претставувањето на телефоните се очекува да биде на 22 јануари. 

Тестирањето на верзија од Galaxy S25 за која се верува дека е интернационална, дури и да е навистина така, може да е поради внатрешни потреби на Samsung, па не може со сигурност да очекуваме дека оваа година нема да има Exynos модели. 

Без разлика, шансите тоа да се случи сепак сега се доста поголеми. 

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаСите модели од iPhone 17 серијата треба да дојдат со ProMotion екрани
Следна статијаApple ќе плати 95 милиони долари поради нарушување на приватноста на корисниците преку Siri
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.