apple-campus-april

Секој месец достапни се снимки од дрон, односно беспилотно летало, од коишто може да се види до каде е изградбата на новата зграда во којашто ќе бидат сместени Apple.

Големите технолошки компании, кои имаат профити во милијарди, својот углед го градат од сите можни аспекти. Тие го покажуваат нивниот модерен начин на работење и преку градење на модерни згради во коишто се вклучени сите достапни технолошки достигнувања, а тука се и интересните нивни дизајни.

Apple Campus 2 ќе биде изграден во форма на летачка чинија и дефинитивно ќе биде една од поинтересните градби во светот.

Оваа градба треба да биде готова до крајот на оваа или почетокот на идната година. Тим Кук на презентирањето на iPhone SE најави дека тоа е последната презентација која тие ќе ја прават од тој простор и со тоа го најави селењето во новата зграда. Таа ќе вклучува и нов простор за презентации.

Од видеата во продолжение може да се види дека градбата веќе го добива својот изглед и завршувањето на време изгледа дека не е доведено во прашање. Се гледа дека прозорите веќе се местат, како и соларните панели кои ќе бидат поставени на кровот од градбата.

Извор: MacRumors, The Verge

Претходна статијаНаучниците успешно го извадија ХИВ од клеточниот геном на Т-клетки
Следна статијаSamsung ја произведе првата РАМ меморија со транзистори од 10 нанометри
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.