7be43d1be20e8300089422d9a39ee8ac_original

Можеби повеќето од нас не сме генијалци, меѓутоа од сега барем ќе можеме да пишуваме како такви. Тоа ќе биде овозможено преку фонтот за компјутерите направен на основа на ракописот на Алберт Ајнштајн.

Фонтот ќе биде достапен за повеќето платформи, односно на Mac, PC, Android, iOS и Linux. Развиен од страна на Harald Geisler и Elizabeth Waterhouse моментално е понуден како проект на Kickstarter платформата за финансирање, каде што има собрано многу повеќе од минималната сума од 15.000 долари.

Доколку сакате да го поддржите проектот и притоа да го добиете фонтот, тоа можете да го направите уште 5 дена за 15 долари, па нагоре.

7641be5ea1075349693b8d95ed58711a_original

Инаку фонтот е направен што пореално да го отсликува ракописот на Ајнштајн. Како што истакнуваат неговите развивачи, до идејата дошле случајно додека пиеле кафе и виделе текст напишан рачно на хартија. Тогаш решиле да развијат сопствен ракописен фонт, по што се решаваат тоа да биде од некоја позната личност.

Дигитализирањето на ракописот на Ајнштајн трае веќе 6 месеци, а ќе им биде потребно уште толку време по собирањето на средствата за негово усовршување.

Извор: Kickstarter

Претходна статијаНа повидок еко-чипови направени од дрво
Следна статијаNASA има план за кратење на патувањето до Марс за половина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.