Играта Hogwarts Legacy од Avalanche Software, која специјално се промовира за Sony PlayStation, но ќе ја има и на останатите платформи, го доби првото официјално и доволно долго видео од самата игра.

Hogwarts Legacy е игра направена на основа на приказната од Harry Potter, но сепак не е замислена да ги има познатите карактери, а не се ни случува во истото време како филмовите.

Тоа што може да се забележи од видеото е одличната графика, очекувано, како и што е тоа што може да се очекува од играта. Корисниците ќе можат да го бираат својот карактер кој ќе стане дел од една од четирите Hogwarts куќи, заедно со сите часови и случувања во ова „училиште“.

Што се однесува до самиот стил на играње, корисниците ќе можат да бираат различни магии, да ги комбинираат, во различни борби кои ќе ги има во играта.

Како и доста други работи за време на пандемијата, Hogwarts Legacy беше одложена, по што ќе биде претставена официјално до крајот на оваа година со специјална презентација на PlayStation State of Play настанот.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаПродажбата на 5G телефони ја надмина продажбата на 4G телефони во светот
Следна статијаПознатата филмска компанија MGM официјално стана дел од Amazon
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.