Фото: Shutterstock.com

Според бројките од аналитичката компанија Counterpoint Research продажбата на 5G телефони има достигнато 51% со што овие уреди ја имаат надминато продажбата на 4G телефони во светот. Оваа промена на местата се има случено во јануари оваа година, што значи дека до сега работите се сигурно дополнително променети.

Промената на позициите на продажба на уредите доаѓа логично во овој период кога пуштањето на 5G мрежите стана и најмасовно, по одложувањето во главно поради корона кризата.

Главни во развојот на 5G мрежите се Кина, а заедно со нив растот на продажбата на 5G телефони ја предводат и САД и Западна Европа. Во кина пазарната застапеност на 5G уредите изнесува 84%, нешто што се смета дека се должи на големата ангажираност на властите во пуштањето на мрежата, како и достапноста на повеќе видови на смартфони во различна ценовна категорија со поддршка за 5G.

Во остатокот од светот, односно во истакнатите региони, предводник во зголемувањето на 5G уреди е Apple кои сигурно дополнително ќе го зголемат својот процент со пуштањето на наредната генерација од поевтиниот iPhone SE кој сега доаѓа и со 5G поддршка. Во САД iPhone e задолжен за 50% од уредите со 5G, додека тој процент во Европа е 30%. На светско ниво, Apple има 37% од пазарот со 5G уреди.

Од останатите производители кои се на Android предводи Samsung, по што доаѓаат Xiaomi, Vivo и Oppo.

ИЗВОРTechSpot
  • ОЗНАКИ
  • 5G
Претходна статијаGalaxy A53 5G и Galaxy A33 5G: Феноменално мобилно искуство достапно за секого
Следна статијаОфицијално видео од играта Hogwarts Legacy најавува одлична игра која треба да стане достапна до крајот на годината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.