Иако можевме да прочитаме дека игрите на Netflix не се баш популарни, ги играат помалку од 1% од корисниците, сепак од компанијата сериозно се решени да останат играч на овој пазар.

Покрај купувањето на неколку студија за игри, тие најавија дека основаат и сопствено студио со седиште во Хелсинки, Финска. На чело на ова студио ќе биде Марко Ластика кој е познат и искусен во овој бизнис.

Потпретседателот на Netflix Games Studios, Амир Рахими, во најавата на основањето на нивно студио, истакна и зошто го имаат избрано Хелсинки како место каде што тоа ќе биде лоцирано. Хелсинки е дом на едни од најдобрите „гејминг“ таленти во светот, а во градот има седиште и Next Games студиото, едно од трите студија кои ги купи Netflix.

Другите две студија кои станаа дел од Netflix се Night School Studio и Boss Fight Entertainment, кои заедно сега се дел од четири студија под компанијата.

Рахими истакнува и дека потребни се години за развојот на добри игри, што значи дека резултатот од новото студио не треба да се очекува наскоро.

„Уште сме во раните денови и имаме уште доста работа за да донесеме одлично искуство на игри на Netflix. Создавањето на игри може да трае години, па јас сум горд што гледам како стабилно ја градиме основата на нашето студио за игри во нашата прва година и со нетрпение очекувам да споделам што ќе создадеме во годините што следат.“ – истакна Амир Рахими.

ИЗВОРNetflix
Претходна статијаMicrosoft конечно ја проширува поддршката за Android апликации на Windows 11 во повеќе земји
Следна статијаMeta тестира полесно префрлување помеѓу Facebook и Instagram сметките, како и нивно заедничко креирање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.