Фото: Shutterstock.com

Една од поголемите „грижи“ кои се појавија од најавата дека Microsoft го купува гејминг студиото Activision Blizzard на почетокот од оваа година, беше дали главната игра од ова студио, Call of Duty ќе стане ексклузивна игра на Xbox.

Иако од компанијата повеќе пати ја истакнаа својата желба играта да биде достапна на сите платформи, тоа сепак остана тема на разговор, а од Sony имаат и проблем со договорот за купување, очекувано.

Главниот на Microsoft Gaming, познатиот Фил Спенсер, во разговор на подкастот Same Brain, повторно истакна дека играта ќе остане достапна на PlayStation, а тоа ќе биде случајот се додека постои оваа конзола.

Спенсер додаде и дека оваа игра планираат да ја третираат исто како Minecraft и сакаат да ја направат достапна на повеќе платформи од што е сега достапна, а како пример се дава Nintendo Switch.

Microsoft ја купува Activision Blizzard за 68,7 милијарди долари и останува да се види како ќе помине зделката кај не ретко строгите регулаторни тела во неколку земји.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаЕлон Маск остана единствениот директор во Twitter
Следна статијаСимнете ги официјалните позадини од новите Surface Laptop 5 и Surface Pro 9
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.