Фото: Shutterstock.com

По конечното официјално преземање на Twitter, после месеци на „проблеми“, Елон Маск веднаш започна со отпуштање на директорите во компанијата, нешто што секако беше очекувано.

Покрај отпуштањето на директорот Параг Агравал, тој ги отпушти и останатите осум директори во компанијата, по што остана единствениот директор во овој момент.

Дали ова што го прави Маск е оправдано или не, може да се видат различни мислења, во главно зависно до политичката страна на која припаѓаат луѓето, но дефинитивно може да се види дека тој планира поголеми промени во компанијата.

Досегашните директори во компанијата беа поврзани со нејзиниот стил досега, односно со не баш малиот број на забранети објави и блокирани сметки. Голем дел од забранетите објави поради лажни информации, подоцна се покажаа како точни, па не чуди што Маск не би сакал да соработува со овие луѓе.

Една од работите кои ги најави овие денови беше и враќањето на Vine апликацијата која ги воведе кратките видеа уште пред TikTok да ги направи навистина популарни.

Може да се очекуваат интересни неколку месеци за Twitter, односно со големо внимание ќе ги следиме одлуките кои ќе ги носи Маск.

По првичниот „Chief Tvit“ опис, сега на профилот на Елон Маск стои „Twitter Complaint Hotline Operator“.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Business Insider
Претходна статијаПроблем кај Instagram – суспендирани сметките на голем број корисници
Следна статијаMicrosoft потврди дека Call of Duty ќе продолжи да биде достапна на Sony PlayStation
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.