Фото: Shutterstock.com

Конечно, месеци по првичната понуда за купување на Twitter за 44 милијарди долари, паузирање на процесот, па негово откажување и закажување на судски процес, Елон Маск стана сопственик на можеби највлијателната друштвена мрежа во светот.

„Chief Twit“ стои во описот на Twitter профилот на Маск кој веќе ги донесе и првите одлуки како сопственик на мрежата. Работните места ги загубија досегашниот директор Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сигал, како и директорката на правниот сектор Виџеја Гаде и Шон Еџет.

Маск после овие случувања објави краток „твит“ кој гласи, „птицата е слободна“, сакајќи да каже дека мрежата е ослободена од досегашното влијание над неа.

Со ова почнуваат промените кои ги најави Маск, кои на почетокот во главно ќе бидат насочени кон прекинување на практиката на строго модерирање на објавената содржина, како и блокирање на корисниците. Маск верува дека Twitter треба да биде отворена мрежа каде секој ќе може да каже што сака.

Главните друштвени мрежи изминатите години во главно се под големо влијание на американската левица, односно поекстремната левица, кои веруваат дека тие ја имаат вистината и поради тоа имаат право да одлучуваат што смее, а што не смее да се објавува.

Многу добар пример за тоа до каде се отидени работите е корона кризата, кога многу објави беа тргнати и профили блокирани со обвинување дека шират лажни вести. Иако голем дел од нив навистина шират лажни вести, сепак беа блокирани многу информации кои подоцна се покажаа како точни и официјално објавени од страна на властите.

Маск исто така сака да го отвори кодот на Twitter, а размислува и за додатни извори на финансирање, покрај рекламирањето за кое сака да стане едно од најсериозните и ценети платформи во светот.

Интересно ќе биде да се види што ќе преземе околу големиот број на лажни и спам сметки, односно таканаречените и познати „Twitter ботови“. Овие сметки беа и проблемот поради кој Маск сакаше да се откаже од купување на мрежата, тврдејќи дека бројката на ботови е многу поголема од тоа што го кажуваат од компанијата.

Маск пред некој ден, додека процесот на купување завршуваше, дојде во седиштето на Twitter носејќи лавабо, а на објавата стоеше реченица која во главно на англиски има смисла и поврзаност со лавабото 😊.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2WSJ
Претходна статијаMicrosoft претстави „Mac mini конкурент“ наменет за програмерите на ARM апликации
Следна статијаСоопштение од Сојузот на средношколци по вториот ден на дојави за бомби во средни училишта
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.