Microsoft почна да го продава „Windows Dev Kit 2023“ уредот кој на прв поглед остава впечаток како конкурентниот Mac mini. Најавен оваа година како Project Volterra, овој уред сега е достапен да се купи за 599 долари во Австралија, Канада, Кина, Франција, Германија, Јапонија, Велика Британија и САД.

Иако може кој сака да го купи овој уред, тој сепак не е замислен да се продава баш како конкуренција на уредот на кој потсетува, односно не е конкуренција на Mac mini. Соодветно на тоа не треба да се очекуваат ни перформансите кои ги има Mac mini со M1 чипот, а според најавите во ноември или месеците што следат треба да излезе уште посилна М2 и М2 Pro верзија.

Windows Dev Kit 2023 доаѓа со Snapdragon 8cx Gen 3, 32GB RAM, како и 512GB NVMe простор за податоци.

Намената на Windows Dev Kit 2023, како што може да се види и од самото име е да се користи од страна на програмерите, а посебно тие кои сакаат да ги развијат и тестираат своите апликации на Windows 11 на ARM чип.

Ова е еден обид од страна на Microsoft да конечно направи сериозна конкуренција на Apple кога се во прашање ARM уредите, нешто со што Apple може да се каже дека „растури“ од претставувањето на М1 чипот.

Програмерите со Windows Dev Kit 2023 ќе имаат одличен уред на кого ќе можат да ги користат веќе прилагодените апликации од Microsoft за ARM, како што се Visual Studio и сличните.

Дали ова ќе придонесе идната година да видиме повеќе апликации развиени за ARM на Windows 11, останува да видиме, но навистина се надеваме.

Новиот Surface Pro 9 оваа година доаѓа и со можност за ARM чип, наместо од Intel, па ќе видиме какви ќе бидат и тестовите, посебно во споредба со MacBook Air, на пример.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаBoksy.mk – Првата детска апликација за читање и слушање книги во Македонија
Следна статијаЕлон Маск официјално стана сопственик на Twitter
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.