Во текот на денот големи се шансите да кога ја имате вклучено вашата Instagram апликација да сте изненадени со известување дека вашата сметка е суспендирана поради прекршување на правилата на мрежата.
Можете да притиснете да ја предизвикате оваа одлука, но без разлика што и да направите, сметката ќе остане блокирана и не можете да ја користите.
Ова испадна дека сепак е поголем проблем и им се случува на доста корисници. Од Meta го потврдија постоењето на проблемот, најавија дека го проверуваат и се извинија за непријатностите.
Сметките веќе би требало да почнат да работат, па доколку вашата уште не е вклучена, тоа можете да го очекувате во часовите што следат. Се што треба е да се најавите стандардно со вашите корисничко име и лозинка.