Новиот Bing функционира веќе нешто повеќе од еден месец, иако не е официјално пуштен за сите корисници. Вештачката интелигенција која сега е дел од овој пребарувач овозможува да корисниците го пронајдат тоа што им треба на дополнителен начин, преку поставување директни прашања како да се разговара со човек.

Microsoft сега има неколку совети насочени кон „гејмерите“ за тоа како тие најдобро да ги добијат одговорите на прашањата кои обично ги имаат за игрите кои ги играат и ги пребаруваат преку класичните интернет пребарувачи.

Од компанијата сметаат дека Bing има доста големо познавање за Xbox и PC игрите, па корисниците можат да дојдат до одредени одговори доста подобро за разлика од порано. Исто така, од Microsoft истакнуваат дека одговорите кои им се допаѓаат можат многу лесно да бидат подетално истражени преку притискање на линковите кои се дел од одговорите на Bing, нешто што е голема предност во споредба со ChatGPT бета верзијата, на чија основа е направен.

„Многумина од нас користеле пребарувач во одреден период од животот за да најдат начини да добијат предност во нашите омилени игри. Од обидот да го поразите првиот шеф во Elden Ring, до пронаоѓањето на сите Agility Orbs во класичните игри како Crackdown или кои се најдобрите поволности за Modern Warfare II. Но, никогаш не сме имале нешто толку посебно како новиот Bing со вештачка интелигенција како нашиот копилот за игри и неговото богатство од совети, ситници и техничко знаење. Со новиот Bing добивате подобро пребарување, поцелосни одговори на вашите прашања за игри, ново искуство за разговор за подлабоко истражување и можност за создавање содржина.“ – истакнуваат од Microsoft.

Од компанијата издвојуваат пет видови на прашања кои може да се постават за да се дојде до одлични одговори кои би им користеле на „гејмерите“. Овие прашања се „Tell me about…“, „What’s the best ____ for me?“, „Where can I find…?“, „Give me a recap…“, како и „How do I…?“.

Посебно се истакнува новата способност на Bing во четвртото прашање, а тоа е можноста да се сумираат приказните од игрите, а со тоа да се добие претстава за што точно се работи. Ова е една од поголемите нови можности на Bing, кои овозможуваат истражувањето онлајн да биде однесено на целосно ново ниво.

Деталите, односно целосно објаснетите примери за прашањата кои може да се постават, можете да ги прочитате на овој линк.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаЕкспертите на Samsung за ТВ уреди ги откриваат важните достигнувања, но и она што нè очекува во иднината на технологијата на екранот
Следна статијаNASA и другите агенции следат новооткриен астероид кој има мали шанси да ја удри Земјата во 2046
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.