Фото: Shutterstock.com

Нема потреба од паника или сензационализам, а се работи за стандардно следење на објектите кои потенцијално може да удрат во Земјата од страна на NASA, како и другите вселенски агенции. Во овој случај се работи за новооткриен астероид со големина од 50тина метри, што значи дека дури и да удри во Земјата, не би се работело за катаклизмичен настан.

Астероидот е наречен 2023 DW и засега му се дава шанса од една во шестотини дека е можно да удри во Земјата во 2046 година, поточно на 14 февруари таа година. Според информациите, иако се работи за нешто поголеми од просекот, шансите за удар се доста ниски, а се очекува тие да бидат прилагодени како што поминува време и се добиваат поконкретни информации.

Од NASA истакнуваат дека обично се потребни неколку недели на прибирање податоци за да се намали шансата за удар, односно адекватно да се предвиди орбитата години во иднината.

Од агенцијата имаат и страна преку која може да се следат вселенските објекти кои се од интерес поради можниот судир со Земјата, а 2023 DW може да се види на следниот линк.

Единствениот начин да астероид со оваа големина направи одредена штета е доколку удри во некој поголем град. За споредба, астероидот кој има удрено во земјата пред 66 милиони години, за кога се верува дека биле изумрени диносаурусите, бил со големина од 12 километри.

NASA веќе тестира начини како да се промени орбитата на вселенските тела, а со тоа да се заштити Земјата. DART – Double Asteroid Redirection Test е името на мисијата која беше успешно завршена минатата година и со која се докажа дека сме во можност да ја измениме орбитата на вселенските тела.

ИЗВОРScientific American
Претходна статијаMicrosoft има неколку совети за „гејмерите“ како да го искористат новиот Bing
Следна статијаGM развива личен асистент за автомобилите направен на основа на GPT алатката од OpenAI
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.