Amiga 500 од Commodore е еден од најпознатите компјутери кој во 1980-1990тите се користеше како гејминг конзола и на огромен број на луѓе им го овозможи првото гејминг искуство пред излегувањето на понапредните PC компјутери и играчки конзоли.

Овој компјутер, кој донесе доста напредок во споредба со Commodore64, работеше на дискети и при играњето потребно беше почесто менување на истите за да може да се продолжи со играње на играта. Во денешно време незамисливо како корисничко искуство, тие кои го имаат користено Amiga 500, нема да го заборават времето поминато со неговите игри и можности.

Компанијата Retro Games, која пред три години претстави верзија од Commodore64, сега ќе претстави мини верзија од Amiga 500. Поради тоа што тие не можат да го користа брендот на Amiga 500, новата мини конзола ќе се вика THEA500 Mini и се очекува да стане достапна од идната година.

THEA500 Mini ќе дојде со прединсталирани игри, а дел од нив се веќе потврдени, но ќе има и можност за пуштање на сопствени игри преку USB. Поддршката за дополнителни игри ќе биде преку поддршка за WHDLoad, што значи дека ќе може да се инсталираат оригинални игри кои се префрлени на USB.

Конзолата ќе биде направена да го рекреира корисничкото искуство од тоа време, што значи дека не треба да се очекува THEA500 Mini да биде само дизајнирана како Amiga 500, но со нови и модерни игри.

Цената по која ќе се продава конзолата е околу 130 долари, цена која верувам дека многу стари фанови на Amiga 500 без проблем ќе ја платат.

Некои од игрите кои ќе бидат достапни ги вклучуваат Alien Breed 3D, Another World, ATR: All Terrain Racing, Battle Chess, Cadaver, Kick Off 2, Pinball Dreams, Simon The Sorcerer, Speedball 2: Brutal Deluxe, The Chaos Engine, Worms: The Director’s Cut и Zool: Ninja Of The ‘’Nth’’ Dimension.

Покрај ретро дизајнот на самата конзола, THEA500 Mini ќе дојде и со познатото глувче од Amiga 500, како и дополнителен контролер за игрите.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаZorin OS 16 Pro им нуди на корисниците кориснички интерфејс како Windows 11
Следна статијаSamsung ја претстави „Galaxy за планетата“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.