Zorin OS е позната дистрибуција базирана на Linux која одамна се смета како една од најдобрите алтернативи на Windows. Оваа дистрибуција е направена на начин да на корисниците им понуди слично корисничко искуство како тоа на Windows, па многу ја препорачуваат за тие кои би сакале да се префрлат на Linux.

Најновата верзија, Zorin OS 16, поточно нејзината Pro варијанта, доаѓа со можност за менување на изгледот на системот според неколку познати оперативни системи. Па така, Zorin OS 16 Pro може да се направи да изгледа како Windows 11, Windows Classic, macOS, како и Ubuntu, а достапни се и неколку теми од самата компанија.

Можноста за целосно менување на изгледот е една од поголемите предности кај Linux дистрибуциите, а Zorin OS се истакнува по тоа што вклучува голем број од овие можности во самиот систем, па корисниците не мора да се доволно спремни самите да знаат тоа да го прават.

Со можноста да се направи да изгледа како Windows 11, Zorin OS 16 Pro сигурно ќе го привлече вниманието на корисниците кои би сакале да го надградат својот компјутер на Windows 11, но тоа нема да може да го направат. Microsoft се реши да со Windows 11 бара одредени хардверски карактеристики кои не се достапни кај компјутерите од пред 6 години и повеќе.

Сепак, Zorin OS 16 Pro не е бесплатен како што повеќето би очекувале од Linux дистрибуција, посебно што обично тие што се плаќаат се наменети за бизнис корисниците.

Zorin OS 16 Pro чини 39 долари, а ова е веќе релативна цена зависно од корисникот.

ИЗВОРBeta News
ИЗВОР 2Zorin OS
Претходна статијаStardock ја претстави својата позната алтернатива за Старт менито и на Windows 11
Следна статијаЛегендарниот Amiga 500 компјутер ќе добие мини гејминг верзија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.