Фото: Shutterstock.com

Кинеските регулатори имаат донесено одлука да го ограничат времето поминато играјќи видео игри за малолетните луѓе во земјата. Според информациите, сите под 18 години ќе можат да играат само три часа неделно, а платформите за онлајн игри ќе мора да го спроведат ова правило, како и да ги обезбедат вистинските имиња на играчите.

Децата ќе можат да играат по еден час, од 20 до 21 часот во петок, сабота и недела, а еден час играње ќе им биде достапен и за време на празниците.

Оваа одлука е донесена со цел да справување со се поголемата зависност од видео игри кај децата, нешто што во Кина сметаат дека не е добро за општеството.

Тие оваа активност ја имаат наречено „спиритуален опиум“, но подоцна ја имаат тргнато објавата.

Забраната за играње на игрите ќе биде за било кој вид на уред, односно правилото ќе важи и за мобилните уреди и било кои други каде се достапни платформите за онлајн игри.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаWindows 11 ќе може да се инсталира на компјутерите кои не ги задоволуваат минималните побарувања
Следна статијаЌе мора да го внесете вашиот роденден на Instagram за да можете да продолжите да ја користите апликацијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.