Фото: Shutterstock.com

Гледајќи ја внесеноста на „гејмерите“ кога ги играат нивните игри со часови навистина остава впечаток дека тоа не може да е добро за нив, односно за нивното ментално здравје. Исклучувањето од околината со часови, не ретко заборавање да се јаде и слично, од страна остава впечаток дека резултатот на состојбата кај овие луѓе е доста негативен.

Играњето на игрите често се поврзува и со посериозни случувања во општеството, а посебно тие кои вклучуваат убивање, што значи дека не се смета како штетно само исклучувањето од околината и внесувањето во играта.

Сепак, нова студија од Оксфорд Универзитетот, поточно Интернет Институтот на универзитетот, доаѓа до заклучок дека времето поминато на играње компјутерски игри нема негативно влијание на менталното здравје.

Како исклучок на овој заклучок се истакнува причината за играње, односно доколку се игра поради забава, натпревар со пријателите, поради тоа што играта е интересна, тогаш и расположението на „гејмерите“ е позитивно. Доколку се игра поради чувството дека играта мора да се игра, дека мора да се помине некое ниво во неа, тогаш позитивниот ефект од играњето не е присутен.

За разлика од повеќето слични студии, оваа не е направена на основа на пријавување на информации од самите гејмери, што не може да се смета баш за точно. Во овој случај истражувачите имаат добиено пристап до информациите на играчите, за што секако тие имаат дадено дозвола.

Студијата е направена на примерок од скоро 40.000 гејмери, во соработка со седум гејминг студија. Се истакнува дека покана е испратена на повеќе од 30 студија, што значи дека сепак одговорот не бил баш најдобар и бројот на игри од кои се собираат информациите би можел да биде доста поголем.

Игрите кои биле дел од студијата ги вклучува Animal Crossing: New Horizons, Apex Legends, Eve Online, Forza Horizon 4, Gran Turismo Sport, Outriders и The Crew 2. Играчите биле следени во период од шест недели за да се дојде до заклучоците во студијата.

Студијата е објавена во журналот Royal Society Open Science, а еден од главните од Оксфорд Универзитетот е професорот Ендрју К. Прзибилски. Тој истакнува, „откривме дека навистина не е важно колку гејмерите ги играат игрите. Не е квантитетот, туку квалитетот кој се смета за важен… доколку се чувствуваат дека мора да играат, се имаат чувствувано полошо. Доколку играат затоа што го сакаат тоа, тогаш податоците не укажуваат дека тоа има влијание на нивното ментално здравје. Изгледа дека тоа им има давано силно позитивно чувство.“.

Во студијата се нагласува дека играњето повеќе од 10 часови не е земено во предвид и дека во тој случај може да има различни резултати. Исто така, во студијата не се тврди дека резултатите се финални и дека реално ги претставуваат сите видови на игри и луѓе.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2The Guardian
Претходна статијаApple ги промени правилата за измена и бришење на испратените пораки во Messages на iOS 16
Следна статијаНови серии на Pickbox TV кои не сакате да ги пропуштите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.