Shutterstock.com

По означувањето на две објави на Twitter од страна на Доналд Трамп, мрежата почна официјално да ги проверува и објавите од претседателот. Тоа посебно дојде до израз кога беше целосно тргната објава од Трамп поради нарушување на правилата на мрежата и „величење на насилство“, како што истакнаа од Twitter.

Марк Закерберг веќе излезе со став дека тој не се сложува со одлуката на Twitter да ги проверува објавите на Трамп и смета дека мрежите не треба да се доведуваат во таква ситуација и да си ставаат на себе таква улога.

Од Facebook веќе одреден период се критикувани за ставот дека тие не ги проверуваат објавите од политичарите, односно дека правилата што важат за останатите, од компанијата не сакаат да ги спроведуваат за политичарите.

Тргнатата објава од Трамп на Twitter, на Facebook е достапна, па дел од вработените излегоа со критики за одлуката на компанијата да не ги проверува објавите. Проблематичната објава од Трамп е следната:

Еден од вработените, а тие што излегоа со критики тврдат дека повеќе вработени го делат тој став, е Џејсон Тоф, директор за менаџирање на производи и тој го истакна следното:

Марк Закерберг на сето ова повторно истакнува дека тој смета дека тие не треба да ги проверуваат работите кои се објавуваат. Исто така, тој истакнува дека не се сложува со објавата на Трамп, но дека подобро е луѓето да видат што објавува, отколку тоа да биде скриено.

ИЗВОРForbes
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаMicrosoft ги заменува новинарите кои работат во MSN и Microsoft News со вештачка интелигенција
Следна статијаСкала Магазин е нова студентска платформа за дизјан и современа уметност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.