Фото: Shutterstock.com

После одложување на пуштањето на Twitter Blue претплатата, која сега го вклучува и синиот беџ за верификуван профил, Елон Маск излезе со информацијата дека во компанијата имаат решено како ќе се справуваат со проблемите кои се појавија со промената на функционирањето на овој систем.

Како што тој најави при информацијата за одложувањето, ќе бидат воведени различни бои на беџот со кои ќе се разликува видот на профил. Сега Маск објави нешто повеќе детали околу оваа промена, па така тој најави дека компаниите ќе имаат златни беџови, владините профили сиви, а индивидуалните профили ќе го задржат синиот беџ, без разлика дали се работи за познати личности или не.

Маск исто така истакна дека верификувањето на профилите ќе се прави „рачно“, односно секој профил ќе биде проверен од страна на вработените, пред да му биде издаден беџ.

Ова до некаде го решава проблемот кој се појави по вклучувањето на синиот беџ со Twitter Blue претплатата. Иако имитацијата на други личности или компании на профилите со син беџ ќе доведе до нивно суспендирање, оваа сина ознака до имињата веќе не треба да се гледа исто како порано.

Син беџ сега ќе значи дека корисникот плаќа Twitter Blue претплата, но не мора да значи дека е некоја позната личност.

Останува да видиме какви новини ќе донесе купувањето на Елон Маск на оваа мрежа во месеците што следат.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаXiaomi ќе ја претстави Xiaomi 13 серијата на 1. декември
Следна статијаЕвропската Комисија овозможи авиокомпаниите да нудат 5G мрежна покриеност во нивните авиони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.