Xiaomi, преку кинеската мрежа Weibo, поточно преку профилот на директорот и ко-основач Леи Џун, објавија дека наредната генерација од нивната највисока класа ќе биде претставена на 1. декември.  

На оваа дата ќе бидат претставени Xiaomi 13, Xiaomi 13 Pro, како и MIUI 14.

Иако во објавите не стоеше ништо за тоа, се очекува дека Xiaomi 13 серијата ќе работи на Snapdragon 8 Gen 2, а првиот производител кој претстави телефон со овој чип е vivo со нивниот Vivo X90 Pro+.

Леи Џун објави и неколку детали од новата серија, а од сликата која ја објави може да се види и изгледот на предната страна. Се гледаат мали рамки, кои се малку поголеми на долната страна, како и малата дупка за предната камера.

Телефоните ќе бидат заоблени на задната страна, за покомотно држење, заедно со материјал кој треба да остави чувство на кожа.

Xiaomi соработува со Leica за нивните камери, па и тука може да се очекуваат одредени подобрувања во споредба со ланските модели.

Последни кои ќе ја претстават својата нова серија со Snapdragon 8 Gen 2 ќе бидат Samsung, но се најавува дека чипот кај Galaxy S23 ќе биде посебно оптимизиран и нешто посилен во споредба со останатите.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаРСБСП: Не користи мобилен додека возиш
Следна статијаTwitter ќе го пушти новиот систем за верификувани профили овој петок
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.