Фото: Shuttersstock.com

Од Европската Комисија објавија дека доделиле посебен спектар за мобилна комуникација во авионите со што се овозможува користење на одредени фреквенции за 5G комуникациската технологија.

Со оваа одлука, европските авиокомпании ќе можат да им овозможат на своите клиенти користење на нивните 5G телефони за комуникација, односно за пораки, повици и брз интернет, исто како што беше случајот со претходните генерации на мобилните технологии.

Не е дадена точна информација кога може да се очекува резултатот од овие промени, но тоа секако ќе се случи во годините што следат.

„5G ќе овозможи иновативни сервиси за луѓето и ќе ги зголеми можностите за европските компании. Небото веќе не е граница кога се во прашање можностите овозможени од супер брза, со висок капацитет поврзаност.“ – истакна Тиери Бретон, Комесар за внатрешен пазар во ЕУ.

Начинот на којшто се овозможува мобилна конекција на авионите е преку таканаречени „пико базни станици“ кои потоа комуницираат со сателити за да се воспостави поврзување со мобилните базни станици на Земјата.

Фреквенциите коишто се користат се внимателно избрани со цел да не се мешаат со фреквенциите кои се користат од страна на авионите за комуникација, навигација и слично.

Претходна статијаTwitter ќе го пушти новиот систем за верификувани профили овој петок
Следна статијаСо A1 Combo за прв пат и осигурување на домот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.