Instagram најави дека нивната функција за пребарување конечно ќе почне да вклучува и објави, односно содржина од мрежата. Тоа значи дека доколку пребарате со внесување на некој збор, како на пример вселена, покрај профилите и „хаштаговите“, ќе ви бидат прикажани и слики.

Досега пребарувањето на Instagram во главно беше насочено кон откривање на други корисници, како и „хаштагови“ со цел откривање на теми за следење. Со оглед на огромниот број на јавни профили со одлични слики, можноста за нивно пребарување, односно прикажување во резултатите е логично и очекувано.

Ова значи дека сега Instagram може да се користи за откривање на интересни и убави слики на одредена тема, па тоа нема да мора да се прави преку прегледување на голем број на различни профили.

Оваа новина уште не е дел од Instagram, па од компанијата само ја најавија како нешто на кое работат. Тоа значи дека може да се очекува во периодот што следи, но не е дадено точно време.

Од Instagram исто така објаснија како функционира нивниот алгоритам при прикажување на резултати од пребарување. Па така, покрај внесениот текст во полето за пребарување, влијание имаат и активноста на корисникот, односно што е тоа што го следите, какви објави прегледувате и слично, а тука е и самата популарност на профилите кои се прикажуваат како резултати.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2Instagram
Претходна статијаСАД им издале дозвола на Huawei да купуваат чипови наменети за автомобилската индустрија
Следна статијаВечерва во МКЦ парк се одржува единаесеттото издание на фестивалот за нова музика ЗДРАВО МЛАДИ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.