Фото: Shutterstock.com

После две години на рестрикции, Huawei конечно добива мало олабавување од страна на САД кои им имаат издадено лиценци за дозвола за купување на чипови наменети за автомобилската индустрија.

Информацијата ја објавува Reuters од каде истакнуваат дека се работи за бизнис од повеќе стотици милиони долари.

Со оглед на тоа што Huawei не произведува сопствени автомобили, чиповите би се користеле за автомобилски делови кои ги развиваат од компанијата, како што се екрани и сензори.

Поради блокадата од САД која започна со администрацијата на Трамп, но не заврши како што се очекуваше со Бајден, Huawei не може да користи американски делови во своите производи, а истото се однесува и на софтвер.

Huawei исто така се блокирани од повеќе земји под влијание на САД, да ја продаваат својата мрежна опрема, што резултираше со користење на конкурентна опрема за 5G во повеќе земји, наместо како што тоа досега се правело од Huawei.

Од компанијата го прошируваат својот бизнис во делови кои се смета дека имаат помали шанси да бидат дел од блокадата на САД, па од тука доаѓа и дозволата за купување на чипови за автомобилската индустрија, чипови кои се сметаат за помалку напредни и без шанса за правење на активностите за кои е обвинета компанијата.

Ваквата одлука наводно е критикувана од страна на неколку републикански сенатори, кои сметаат дека блокадата кон Huawei треба да остане каква што е и да не се дозволуваат било какви попуштања.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаНовото ажурирање за HUAWEI WATCH 3 серијата нуди офлајн слушање на музика, контрола на гестови, повеќе функции во Ultra-long Battery Life режим и персонализирани видео дизајни
Следна статијаПребарувањето на Instagram ќе почне да вклучува и содржина од мрежата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.