underwater-streetview

Во 2012 година, Google во соработка со The Catlin Seaview Surway, за прв пат најавија проширување на концептот Street View, со додавање на подводни снимки од океаните. Овој проект наречен Google Underwater Street view, всушност започнува пред 6 години кога еден од основачите на компанијата Keyhole (од која потекнува Google Earth, подоцна купена од страна на Google), бил инспириран и се бавел со мапирање на океаните.

Минатиот месец, Google го прошири асортиманот на фотографии во колекцијата на подводниот Street View со нови егзотични локации покрај Монако, Канкун и околните острови. Дополнително на ова, како новитет кој Google исто така го претстави е можноста за поглед кон Сан Франциско од вода. Досега, колекција од подводни фотографии имаше од неколку локации како Филипини, Хаваи, Бермудските острови, Островите Галапагос, Големиот корален гребен кај Австралија итн.

Бидејќи постои силна научна компонента на овој проект, за процесот на фотографирање постои строг протокол. Richard Vevers, директорот на Catlin Seaview Survey, вели дека камерите кои што се користат за овој прект се многу различни од оние што се користат за Street View од страна на Google. Имено, подводниот апарат за Underwater Street view се состои од 3 камери со широко аголни објективи кои фотографираат на секои три секунди. На задната страна од овој апарат има таблет преку кој се управува со камерите.

seaview-camera

При едно регуларно нурканње, кое трае 1 час се покрива површина од 2 километри. За тоа време бројката на направени фотографии по камера изнесува околу 4.000. Вкупно досега се направени околу 150.000 фотографии, а оваа бројка се очекува да се дуплира во текот на оваа година. Во фаза на развој исто така се наоѓа и автономен подводен фотографски апарат кој би можел да остане под вода преку 12 часа. Ваквата технологија е веќе достапана, но потребно е истата да се адаптира на апаратот кој се користи за Underwater Street View. Дополнително на ова, тимот кој е задолжен за оваа работа работи на тестирање на 3Д снимки од подводните предели.

Претходна статијаНеофицијално видео од HTC Sense 6.0 прикажано на интернет
Следна статијаQUANT e-Sportlimousine претставен на Geneva Motor Show