Со излегувањето на новата верзија од HTC One, за која што веќе има шпекулации за можните карактеристики, се очекува излегување и на наредната верзија од познатиот HTC Sense. Моментално Sense е во 5.5 верзијата, па во новиот HTC One се очекува да биде претставена 6.0 верзијата од овој познат кориснички интерфејс на HTC. Новиот HTC One треба да биде претставен на 25 Март, па нема да чекаме уште многу да видиме што истиот ќе донесе.
Од видеото може да се види дека Sense нема да добие целосно нов дизајн, туку одредени подобрувања и нови функции. Па така воведена е можноста за отклучување на телефонот преку неколку нови гестови како, два пати притискање на екранот додека телефонот е во вертикална положба или повлекување од доле нагоре исто така во вертикална положба. Исто така може да се забележи можноста за избор на фонт кој што се користи во системот и копче кое ве води на интернет за поголем избор. Камерата може да се вклучи преку поставување на телефонот во хоризонтална положба, односно положба како кога сликате и притискање на копчето за прилагодување на звукот.
Извор: PhoneDog