На почетокот од месецот Instagram почна да пушта нов дизајн за нивната веб страна, начинот на којшто корисниците преку десктоп можат да ја користат мрежата. Иако мал, редизајнот го прави користењето на Instagram преку десктоп доста подобро, па тие што често се на компјутер, сега поретко ќе го користат својот мобилен.

Овој редизајн сега е и официјално објавен од страна на Адам Мосери, главниот на Instagram во Meta, што значи дека ако има корисници кои уште не го добиле, веќе нема дискусија дали тоа ќе се случи за сите.

Покрај најавата на редизајнот, Мосери најави уште една функција која ќе им биде пуштена на корисниците наскоро. Се работи за можноста за закажување на објавите за некое идно време, поточно може да се закажат до 75 денови.

Закажаните објави може да се пролагодуваат преку профилот на корисникот, односно нивното закажување на е фиксно и може да се менува.

Претходна статијаTwitter воведува нова „Official“ ознака за да се направи разлика од сега за сите достапниот син беџ
Следна статијаГејминг натпревар во диско
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.