После два напорни квалификациони дена (4 и 5 ноември), во кои се изнагледавме тесни и динамични партии, неизвесни битки и многу неочекувано-очекувани потези, дојде денот за големото национално финале во кое се сретнаа екипите на BRAZIL BOUND и ZOOMERS.

Eкипата на Brazil Bound со фокусирана игра, паметна тактика и прецизни прсти успеа да го порази тимот на Zoomers со вкупен резултат од 3:0.

“Патот до успехот нема тајни, туку е полн со предизвици, за чие остварување потребна е напорна работа и 100% посветеност. Во нашиот случај, успехот се должи на долгогодишно искуство во играње Valorant и CS:GO. Оваа победа и учеството на глобалното финале во Бразил во месец декември е одлична прилика за секој од нас, поединечно и тимски, но пред сè неповторлива шанса да ја донесеме светската Red Bull Campus Clutch титула во Македонија. За крај, како што би кажале бразилците Vamos Makedonija!

Следно на агендата на BRAZIL BOUND е претставување на Македонија на глобалното финале во Бразил кое ќе се одржи во месец декември.

Да им посакаме среќа и успех во борбата за крајната титула – најдобар студентски VALORANT тим во светот!

Претходна статијаОфицијално пуштен новиот дизајн на Instagram на десктоп
Следна статијаИстиот ден кога беше воведена, Елон Маск ја откажа новата „Official“ ознака