Една од првите одлуки на Елон Маск по купувањето на Twitter и преземањето на директорската позиција беше да ја покачи цената на Twitter Blue претплатата и на корисниците да им овозможи добивање на ознака за верификуван профил.

Ова доведе до прашања од корисниците кои се логични, односно како сега ќе се прави разлика помеѓу профилите кои поминале процес на верификување кога сите ќе можат да ја добијат ознаката, познатиот син беџ.

Неколку познати личности од САД го променија своето име во Елон Маск со цел да покажат какви ситуации може да се појават со овозможувањето да се добие син беџ без процес на проверка, туку само со плаќање на Twitter Blue претплатата.

Маск излезе со информација дека профилите кои ќе имитираат други, без конкретна ознака дека се работи за пародија, ќе бидат суспендирани, па тоа и веднаш се случи со неколку од тие профили.

Естер Крафорд, која е одговорна за Twitter Blue промените, излезе со информација дека веќе нема да има забуна поврзана со верификување на профилите, па синиот веџ ќе остане да се користи за корисниците кои плаќаат, додека верификувањето на одредени профили ќе биде означено со нова и додатна ознака „Official“.

Оваа ознака нема да се продава, односно ќе биде бесплатна и ќе се дава на потврдени профили од владини служби, компании, бизнис партнери, поголеми медиуми, издавачи и некои јавни личности.

Со ова во основа стариот начин на користење на синиот беџ се менува со новата ознака, со таа разлика што веќе нема да се наплатува. Синиот беџ сега ќе ги означува профилите кои користат Twitter Blue, па корисниците ќе треба да се навикнат дека тој го нема истото значење како досега.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаФранција со нов закон ќе бара поставување на сончеви панели врз поголемите паркинзи
Следна статијаОфицијално пуштен новиот дизајн на Instagram на десктоп
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.