Фото: Shutterstock.com

Од Meta објавија дека Facebook се приклучува на Instagram на начинот на прикажување на статистиките за објавите, а со тоа и го поедноставува овој дел од мрежата наменет за „креаторите“.

Во основа, сите објави сега ќе имаат една метрика која ќе се користи за гледање на популарноста, а тоа ќе биде „прегледи“, односно „views“. 

Ова досега се користеше за видеа, но сега ќе се користи за сите видови на објави, односно и за слики, текст и слично. 

Прегледите за обичните објави досега беа под името импресии, што значи дека во главно се работи за промена на името кое се користи, па корисниците не треба да очекуваат промена во бројките кои ги гледаат. 

Ваквите начин на именување се користи и кај X, па може да се каже дека кај повеќето мрежи сега ќе се користи истиот термин. 

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Meta
Претходна статијаРотари клуб Скопје Центар организираше Економски форум: AI во македонската економија – Нови хоризонти за раст и развој
Следна статијаApple планира лиценцирање на оригиналната содржина од TV+ сервисот на други сервиси
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.