Shutterstock.com

Stories на Instagram, иако како формат ги има и во доста други апликации, а првпат ги „измисли“ Snapchat, се можеби најпопуларниот начин на изразување на корисниците на друштвените мрежи. Според статистиките, половина од корисниците на Instagram ги користат Stories, што е бројка од околу половина милијарда корисници.

Кога ќе се земе ова во предвид, воопшто не изненадува што Facebook, сопственикот на Instagram, сака да ги направи Stories уште повеќе достапни и во преден план. Од компанијата тестираат да Stories се прикажуваат во два реда на почетокот од листата со новости, наместо како што е сега случајот, во еден ред.

Покрај ова, под вториот ред ќе биде додадено ново копче, „See All Stories“, кое ќе води до нова и посебна страна на која ќе бидат прикажани сите Stories на едно место. Со други зборови, корисниците кои следат голем број на корисници и редовно проверуваат што е објавено во форма на Stories, сега ќе имаат посебен дел посветен специјално само на овој формат на објави.

Од Instagram, односно Facebook, иако го потврдуваат тестот, не информираат од кога оваа новина може да се очекува за сите корисници. Ако се земе во предвид досегашното искуство, тоа ќе зависи изгледа од тоа како и колку ќе ја прифатат оваа новина корисниците, односно дали ќе вреди истата официјално да биде пуштена за сите корисници.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаНовиот изглед на Старт менито достапен за корисниците на Windows Insider заедно со уште неколку други новини
Следна статијаWizz Air ги отвори своите рути од и до Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.