Не може да се пишува за Instagram Reels без да се спомене TikTok. Јасно е дека Reels е резултат на огромната популарност на кинеската мрежа, нешто што секако е очекувано и добро што им е овозможено на корисниците на Instagram.

Може да се каже дека популарноста на Instagram Reels е доста добра, иако уште голем дел од видеата се споделени од TikTok.

Instagram Reels добива нова функција која е исто така доста популарна на TikTok, а истата е наречена Remix. Оваа функција е иста како Duet на TikTok, па повеќето корисници ќе знаат за што се работи и како се користи.

Remix на Instagram Reels овозможува да се постават две видеа едно до друго, нешто што сега е доста актуелно кај предизвиците за танцување и слично.

Корисниците можат да притиснат на прилагодувањата на Reels видеото кое сакаат да го искористат и да притиснат на новата Remix опција. Потоа тие ќе можат да снимат свое Reels видео до ова видео или да прикачат веќе снимени видео.

При прилагодување на видеото ќе бидат достапни повеќе можности за прилагодување на звукот, додавање на ефекти и слични додатоци по кои се познати ваквите видеа.

Remix функцијата ќе биде стандардно достапна за новите Reels видеа, а корисниците можат да ја вклучат за своите постари доколку сакаат. Исто така, во прилагодувањата на Instagram корисниците ќе можат да наместат дали сакаат или не нивните Reels видеа да ја имаат Remix функцијата.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаФИТР и МАСИТ со нова соработка за имплементација на иновативни решенија во ИКТ секторот
Следна статијаВо Русија регистрирана првата вакцина во светот против COVID-19 за животни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.