Photo by cottonbro on Pexels.com

Сега кога во светот се развиени повеќе вакцини против COVID-19, веќе може да се размислува и на другите на планетата, не само на луѓето. Во Русија е регистрирана првата во светот вакцина за корона вирусот наменета за животните.

Оваа вакцина е наречена Carnivak-Cov и е тестирана на повеќе животни како што се кучиња, мачки, лисици и визони. Според истражувањата, оваа вакцина создавала имунитет кај животните и тој се одржувал најмалку шест месеци.

Според информации, повеќе земји веќе се заинтересирани за оваа вакцина, а се истакнуваат и земји како САД, Канада, Сингапур и Полска.

Целта на развојот на една ваква вакцина не може да се каже дека е само за заштита на животните, како и на работата на фармерите. Посебно се истакнува и заштитата од мутации на вирусот кои се случуваат кога тој ќе помине кај животните, па повторно назад кај човекот.

ИЗВОРForbes
Претходна статијаInstagram доби уште една популарна функција од TikTok
Следна статијаA1 Македонија ја најавува третата годишна конференција “Women in Digital 2021”
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.