На објавите кои се прикажуваат на Facebook, без разлика дали се од пријателите, страните кои се следат или од препораките кои ги пушта мрежата, повремено ќе почнат да се прикажуваат две нови копчиња преку кои корисниците ќе можат подобро да ја прилагодат својата листа со новости.

Двете нови копчиња се „прикажувај повеќе“ и „прикажувај помалку“ (show more, show less). Како што може лесно да се заклучи од нивните имиња, со притискањето на овие копчиња корисниците ќе можат да му кажат на алгоритамот на Facebook да им прикажува повеќе или помалку од одреден тип на содржина.

Од Meta истакнуваат дека по притискањето на некое од овие копчиња, привремено ќе биде зголемен или намален рангот на таа објава, нешто што соодветно ќе се преслика на останатата содржина која се прикажува на листата со новости.

Од компанијата исто така најавија дополнување на делот во прилагодувањата на мрежата за што се прикажува на листата со новости каде сега ќе има можност да се постави степенот на прикажување на објавите од пријателите, групите и страните.

ИЗВОРMeta
Претходна статијаMeta ќе прикажува реклами на нови позиции на Instagram и Facebook
Следна статијаGoogle ги претстави Pixel 7 и Pixel 7 Pro телефоните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.