Фото: Shutterstock.com

Ако не беа доволни рекламите кои се прикажуваат во листата со нови објави и во Stories, сега Instagram ќе почне да прикажува реклами на неколку нови места.

За почеток, реклами може да се очекуваат во Explore делот од апликацијата каде што се открива нова содржина од различни профили. Помеѓу овие објави сега ќе бидат вметнати и реклами, па се надеваме дека тие нема да бидат премногу и дека нема да го нарушат форматот на овој дел.

Од Meta најавија дека тестираат и прикажување на реклами во листата со објави која се прикажува кога ќе се отвори некоја објава преку нечиј профил. Ова значи дека доколку ги разгледувате објавите на некој пријател или било кој друг профил, кога ќе притиснете на некоја од тие објави и продолжите да листате надолу, сега ќе ви бидат прикажувани и реклами.

Реклами во иднина треба да се прикажуваат и помеѓу Reels видеата на Instagram и Facebook, кои би биле помеѓу 4 и 10 секунди, по што корисниците ќе можат да продолжат да ги гледаат видеата. Во Reels веќе има реклами, но тие се во помал формат и се прикажуваат како банер на долниот дел од видеата.

Според некои, овие промени кои ги воведува Meta кај нивните апликации се должи на падот на приходи од реклами, нешто што се очекуваше по воведувањето на App Tracking Transparency функцијата од страна на Apple.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Meta
Претходна статијаРецензија T Phone Pro – Одличен дизајн, супер перформанси, чисто Android искуство и одлична цена
Следна статијаFacebook воведува две нови копчиња за контрола на објавите кои се прикажуваат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.