Shutterstock.com

Можеби има одредена категорија на граѓани кои одбиваат да ги почитуваат препораките за седење дома, сепак, повеќето луѓе се дома многу повеќе од што се во „нормални“ услови. Што да се прави во вакво време, освен да се гледа видео содржина на Netflix, Amazon Prime Video, YouTube и другите нема да ги спомнеме поради тоа што не се достапни во Македонија.

По барање на Европската Комисија, минатата недела Netflix и YouTube објавија дека ќе го намалат квалитетот на нивната видео содржина со цел да се намали големото оптоварување на интернет мрежите во ова време.

Намалувањето на квалитетот сепак не би требало да биде забележан од повеќето корисници, односно не до толку од тие што ги перципираат овие работи повеќе. Менување на квалитетот веќе постои кај овие мрежи зависно од квалитетот на интернет конекцијата на корисникот во моментот, па во овој случај само ќе се ограничи квалитетот на помалку.

Да нагласиме сепак дека не е точно јасно дали ова намалување на квалитетот во Европа ги вклучува и земјите кои не се во ЕУ, како нашата земја.

На оваа група на видео сервиси сега се приклучува и Facebook каде на нивните две мрежи се гледа доста видео содржина. Од компанијата најавија дека на Facebook и Instagram ќе биде намален квалитетот на видео содржината за корисниците во Европа.

ИЗВОРEngadget
Претходна статија„Политички“ профитери сред пандемија
Следна статијаФИТР: За само 72 часа доставени над 500 предлог-решенија за полесно справување со кризата од КОВИД-19
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.