Shutterstock.com

Препораките, на сите ни е јасно, за овој период се да се седи во главно дома, со цел да се намалат шансите за ширење на вирусот SARS-CoV-2, односно бројката на заболени со COVID-19 да биде значително помала од тоа што би можело да биде.

Доста бизниси престанаа да работат, а доста од нив ја организираат работата на нивните вработени од дома. Ова придонесува кон тоа да се зголеми оптовареноста на интернет мрежата, а најмногу од гледањето на видео содржина, преку познатите сервиси како Netflix и YouTube.

Оптоварувањето е уште поголемо кога ќе се земе во предвид дека поголемиот дел од новата содржина е во 4К резолуција, што во случајот на Netflix, кога интернет конекцијата го дозволува тоа, значи стриминг со брзина од 15 мегабити во секунда.

Побарано од страна на комесарот Тиери Брентон од Европската Комисија, Netflix, а подоцна се приклучи и YouTube, ќе го намалат квалитетот на видео содржината во Европа со цел да се намали оптовареноста на мрежата.

Netflix најавува дека „олеснувањето“ на мрежата ќе биде до 25%, но дека ќе се задржи одредено ниво на квалитет.

Овој сервис веќе користи прилагодлив квалитет на содржината, односно има алгоритми кои го прилагодуваат квалитетот зависно од брзината на интернетот на корисникот. Тоа значи дека одреден квалитет може да се стримува со различна брзина, односно со помала на конекции кои не можат да поднесат повеќе.

Вакво нешто се очекува да се прави и сега, односно поголемиот квалитет да биде ограничен, без разлика на мрежата.

Од YouTube најавуваат дека нивната содржина ќе биде ограничена на SD квалитет, што е прилично „лошо“ доколку навистина испадне така.

Оваа одлука сепак е побарана од страна на ЕУ, па не мора да значи дека би важела и за нас, а сега за сега кај нас не забележуваме некое намалување на квалитетот на овие сервиси.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаHuawei ја продолжува гаранцијата за сите свои уреди до 3 месеци
Следна статијаНовиот дизајн на Facebook на десктоп почнува да им станува достапен на сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.