Facebook, поточно Mark Zuckerberg, најави дека планираат да претстават повеќе апликации и со тоа да го подобрат корисничкото искуство на своите мобилни корисници. Исто така беше најавено дека за да една функција достапна на социјалната мрежа, како што е случајот со пораките, може да функционира најдобро што може на мобилните уреди, таа треба да биде издвоена како посебна апликација.
Кога подобро ќе размислите, колку и да има корисниците кои што би сакале да имаат само една апликација, сепак доколку некоја од функциите ја користите повеќе од просечно, подобро е да имате посебна апликација само за неа. Сите функции остануваат достапни во главната апликација, па доколку некој не сака повеќе апликации, може слободно да ја користи главната Facebook апликација. Сепак тоа не важи и за тие кои што сакаат да комуницираат преку неа, поради одлуката на компанијата да ги натера корисниците да ја користат Messenger апликацијата.
Денеска од Facebook претставија уште една посебна апликација, овој пат наменета за корисниците на групи, односно Facebook Groups. Можноста за прегледување на групите останува и во главната апликација, а поактивните корисници на групи добиваат можност да користат специјализирана апликација само за групите.
Апликацијата како што би очекувале ги вклучува стандардните можности кои што доаѓаат со функцијата за креирање и прегледување на групи. Доколку сте дел од повеќе групи, тие кои што најчесто ги користите ќе бидат прикажани први. Преку апликацијата можете да ги прегледувате сите нотификации поврзани со групите, а можете да креирате и нови групи. Додатна можност на оваа апликација е делот Discover, преку кој што можете да разгледувате достапни групи и зависно од вашите интереси да се зачлените.
Facebook Groups треба да биде достапна глобално за корисниците на Android и iOS платформите. Можете да ја симнете преку продавниците за апликации или преку следните линкови.
Извор: Facebook