Facebook Camera, односно функцијата во апликацијата наменета за споделување на слики и видеа како Facebook Stories добива дополнителни можности. Со оглед на фактот што Stories на Facebook никогаш не ја добија саканата, а ни приближно добра популарност, овој потег од многумина се смета како обид на компанијата да ги привлече корисниците да сепак почнат да ги користат Stories.
Stories поради истата цел ќе бидат достапни и преку десктоп веб пристапот до Facebook, па можеби со тек на време корисниците ќе решат да објавуваат ваква содржина не само на Instagram и Snapchat.
Меѓутоа да не навлегуваме многу во оценка на функцијата и нејзината популарност, па да се вратиме на главната тема на оваа статија, а тоа се новите функции кои ги добиваат корисниците, а тие се:
- Видео во живо – сега покрај стандардниот начин за објава на видеа во живо, истото ќе може да се направи и преку Facebook Camera. Со тоа видеото во живо ќе биде достапно и на Stories и на профилот на корисникот, а истото ќе може да се бира.
- GIF – оваа функција во основа е Boomerang од Instagram. Овозможува споделување на кратки видеа од 2 секунди кои се „вртат во круг“. Исто така тие ќе може да бидат споделени на Stories, на профилот од корисникот, како и преку директна порака во Stories.
- Текст – интересните објави на Facebook со позадина во боја и голем текст, сега ќе бидат достапни и преку Camera со што ќе може да се објават и на Stories и како директна порака.
Добри додатоци кои веќе во други ситуации се имаат покажано одлично, само останува да видиме дали ќе направат некаква разлика на Facebook апликацијата.
Извор: Facebook