Уште од времето кога постои интернетот, гледањето на видеа на него не е баш најсјајно искуство. Да, работите драматично се подобрија последниве неколку години благодарение на супер брзиот интернет, но и натаму треба да почекаме некоја секунда пред да почне видеото, што е многу повеќе отколку да пуштиме видео на нашиот компјутер. Но, што ако онлајн искуството може да биде исто како и локалното?

Научници и истражувачи од MIT имаат решение и како и многу новитети денес, тоа вклучува машинско учење, односно за поголемиот дел познато како вештачка интелигенција. Идејата на истражувачите не е нова – тие со Pensieve системот имаат намера да направат “buffering” кој ќе се прилагодува на брзината на интернет мрежата, што веќе се случува кај видео сервисите, со таа разлика што тука системот однапред ќе го предвидува падот на брзината.

На пример, доколку се возите со автобус и гледате некоја серија на Netflix или видео на YouTube (океј, да речеме дека имате поголем пакет или живеете во странство), системот може да предвиди пред да влезете во тунел или некој дел каде има послабо мрежно покривање и да го наполни видеото однапред, додека корисникот има интернет. Покрај тоа, системот може да ги „научи“ и сите видеа кои ги има на еден сервис со цел оптимално да ја намести брзината на “buffering”.

Pensieve за жал нема целосно да го отклони “buffering” од онлајн видеата, но драматично ќе го намали и е одличен чекор кон иднината во која дефинитивно нема да го гледаме крукчето кое се врти додека чекаме да почне видеото.

Извор: The Next Web, Daily Mail, Alphr

Претходна статијаFacebook додава нови можности на камерата во својата апликација
Следна статијаПрви квалитетни фотографии од LG V30 откриваат понапреден дизајн од G6
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments