facebook

Сигурно многу од вас кога првпат ќе прочитаат Facebook at Work си помислувате на нов начин како да ја користите оваа мрежа на работа, за која што често е блокиран пристапот за вработените. Меѓутоа сепак останува да продолжите да работите, а Facebook да го оставите за дома или да го користите преку вашиот паметен телефон.

Facebook at Work е целосно нова мрежа наменета за компаниите, тимовите кои што работат на одредени проекти, како и деловните соработници. Замислена е да биде целосно издвоена од моменталната социјална мрежа и објавите на двете мрежи на никаков начин нема да може да се мешаат.

Оваа информација се’ уште не е потврдена од страна на Facebook, па останува во рамките на неофицијални информации и шпекулации. Не би била прва мрежа од ваков тип, а постои добра конкуренција од други компании.

Наменета би била за вработените во една компанија да комуницираат едни со други, да го споделуваат напредокот за одредени проекти, да креираат групи, да работат со документи, како и да се поврзат со тимовите од други компании. Ваквите мрежи се обидуваат да бидат едно централизирано место каде што компанијата ќе го координира и организира работењето на своите тимови, без потреба од користење на повеќе алатки и сервиси како email, chat, cloud сервиси и слично.

Влегувањето на Facebook во посериозниот дел од социјалните мрежи воопшто не е за изненадување. Тие имаат огромен раст на нивните корисници, а тие се максимално активно секојдневно, споделувајќи секаква содржина. Нема мрежа која што успева и да се доближи до Facebook.

Исто така од компанијата постепено воведоа промени кои што направија да корисниците добиваат содржина која што е важна за нив, па така оваа мрежа постепено стана и меѓу главните страни каде што се споделуваат вести и слична содржина. Со тоа може да се каже дека и директно стана конкуренција на Twitter, мрежа која што порано важеше за многу посериозна и мрежа каде што корисниците не се дојдени само да споделуваат смешни слики од нивниот ден.

Со влегувањето во делот на соработка во компаниите, Facebook ќе го надополни делот од мрежата кој што и сега до некаде може да понуди ваков начин на работа. Сепак, користењето на истата платформа која што се користи за се и сешто не е баш погодно за компаниите, па издвојувањето како посебна мрежа ќе ја издвои во позитивна смисла.

Дизајнот на страната на Facebook at Work според информациите треба да биде истиот познат дизајн кој што го користи социјалната мрежа, се разбира прилагоден за посебната структура на новата мрежа.

Извор: ZDNet, TechCrunch

Претходна статијаSamsung ќе го намали бројот на модели на телефони од идната година
Следна статијаСлики од слетувањето на се’ уште непознатата локација на Philae на кометата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.