samsung-hq

Samsung моментално е производител број 1 на мобилни телефони во светот, меѓутоа според бројките од другите компании, тоа нема да остане така уште многу. Исто така компанијата има намалена продажба на своите уреди, а профитот за третата четвртина од оваа година е намален за 49%.

Причините поради кои што Samsung почнува да има проблеми се неколку. Од една страна конкуренцијата не седи мирно, па на пазарот има поголема понуда посебно во делот на поевтините модели кои што ги претставуваат кинеските компании како Xiaomi, Lenovo и Huawei. Тие на пазарот почнаа да претставуваат модели кои што вклучуваат доста добри карактеристики, за цени пониски од тие кои што обично корисниците би ги очекувале. Samsung го загуби првото место на огромниот кинески пазар, место кое што го превзема Xiaomi.

Од друга страна Apple реши да се вклучи во трендот на уреди со поголеми екрани, па новите модели од iPhone може да се каже дека се целосно конкуренти со тоа што го бараат корисниците. Одлуката на оваа компанија да нуди 2 модели сигурно е добра поради тоа што корисниците кои што сакаат да користат Apple производи сега имаат поголем избор.

Исто така Samsung можеби во време кога стануваше најголем производител на мобилни телефони добро беше што понуди скоро секаков вид на уред за сите видови на корисници. Меѓутоа тоа може да се каже дека денеска е до некаде претерано и збунувачки. Тие на пазарот нудат толку голем број на модели, а секој од тие модели има и по неколку верзии, што сигурно корисниците не се баш сигурни што може да изберат, а и бројката од нив кои што се запознаени со целосната понуда од компанијата сигурно е мала.

samsung-smartphones

Без разлика на причините, од Samsung сепак се свесни дека тоа што до сега го имаат правено веќе не е толку успешно, па решија да воведат промени. Од идната година бројот на модели кои што се дел од нивната понуда ќе биде намален за 25 до 30%. Ова сигурно ќе направи да корисниците имаат подобра претстава што е тоа што го нуди компанијата.

Исто така со намалувањето на бројот на модели од компанијата планираат да ја намалат разликата на видот на компоненти кои што се користат во различните модели. Поради фактот што имаат огромно производство, а доста од компонентите сами ги произведуваат тие треба да може да си дозволат да вклучат подобри компоненти на послабите модели.

Уште една причина која што влијае на помалата продажба од страна на Samsung е и фактот што тие не направија многу околу дизајнот на нивните најдобри модели, па добија доста критики од корисниците. Тука посебно треба да се истакне и Galaxy S5 моделот за кој што доста корисници критикуваа дека не е нешто поразличен од претходниот S4 модел.

Извор: Engadget, FT

Претходна статијаБлогерите и твитерџиите од Македонија ќе се наградуваат по третпат
Следна статијаFacebook at Work: Дали мрежата ќе се прошири и во деловната соработка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.